d10b759d-e616-4125-a512-0ea7893c773a

Music Drop е апликација за Windows Phone 8 која што има една едноставна функција, а тоа е на лесен и брз начин да префрлите музички фајлови од вашиот компјутер на вашиот мобилен телефон. Тоа го прави без потребата за користење од USB кабел, односно префрлувањето се врши преку Wi-Fi мрежа. Префрлување на фајловите преку USB кабел не е поддржано, но тоа како и да е можете многу лесно да го направите преку File Explorer-от.

Music Drop е многу лесна за користење. Откако ќе ја вклучите на екранот ќе ви биде прикажана IP адреса, која што е добиена од вашиот рутер, како и порта, па се што треба е да отворите интернет прелистувач на вашиот компјутер и да ја ги внесете истите. За да може да функционира оваа апликација двата уреди мора да бидат поврзани на истата Wi-Fi мрежа. Исто така прелистувачот што го користите треба да има поддршка за HTML5. Поврзувањето е моментално и не е можно поврзување или прегледување на фајловите преку интернет.

[showcase id=”3987″]

Кога ќе ја внесете прикажаната адреса во вашиот прелистувач, се отвора едноставна страна на која што имате икона од облак во круг и листа од музиката што е веќе достапна на вашиот мобилен. Префрлувањето се прави преку ставање на музичкиот фајл што сакате да го префрлите врз облакот со што истиот ќе биде веднаш префрлен на вашиот мобилен. Ова е единствениот начин на префрлување, па нема можност да го отворите File Explorer-от директно преку страната. Фајловите се префрлени директно на вашата SD картичка, се разбира доколку користите телефон што има таква картичка.

Music Drop е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

music-drop-qr

Претходна статијаСо карбонски наноцевки до 6 пати поефикасна термална спроводливост
Следна статијаChrome апликациите ќе работат на Android и iOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.