Доколку се погледне најновата состојба на Statcounter може да се забележи дека Microsoft Edge стабилно го држи второто место на пазарот на десктоп и има мало зголемување на уделот на 13,74%.
Ова како информација од една страна на треба да изненадува, со оглед дека Edge е главниот прелистувач на Windows 11, но кога ќе се земат во предвид тактиките кои ги користи Microsoft, би очекувале дополнителен пад на популарност на нивниот прелистувач.
На тоа треба да се додаде и фактот што според мене Edge стана непотребно сложен, односно преполнет со функции прелистувач, па беше многу подобар на почетоците кога беше само одлична алтернатива направена на основа на Chromium.
Google Chrome продолжува да го држи првото место со пазарен удел од 64,73% и јасно е дека се’ уште нема шанса било кој друг прелистувач дури и малку да ја загрози оваа позиција.
Третото место го држи Apple Safari, но треба да се земе во предвид дека овој прелистувач е достапен само за корисниците на Mac.
Тоа што разочарува е што Firefox од силното второ место пред повеќе години, сега не покажува знаци дека може да дојде повисоко од четвртото место со удел од 6,64%.
Во Македонија пазарниот удел од прелистувачите на десктоп е нешто поразличен, па Chrome го користат повеќе корисници од светскиот просек, односно 79,64%, а второто место го држи Edge со 7,53%.
Во нашата земја Firefox има нешто поголема популарност, па е блиску до Edge со пазарен удел од 7,31%, по што интересно следи Opera со удел од 3,22%. Safari во нашата земја на десктоп го користат 1,99% од корисниците.
Очекувано, доколку се видат процентите на мобилните, силното второ место го држи Safari со удел од 22,8%, по што следува Samsung Internet со 5,71%. Chrome го има првото место со удел од 70,72%.