Messenger едно време стана доста сложена апликација, која дури беше наречена и платформа поради големиот број на функции кои ги имаше, меѓу кои и игри. После паметна одлука од страна на Facebook, игрите беа префрлени на главната апликација, а Messenger повторно стана апликација за правење на разговори и ништо повеќе.

Сега од Meta повторно експериментираат со игри во Messenger, а овој пат како дел од видео повиците. Корисниците сега можат да изиграат и по некоја игра додека се на видео повик со нивните пријатели, а достапни се 14 бесплатни игри за почеток.

Од компанијата истакнуваат дека повеќето игри може да се играат со различен број на играчи, но сите можат да бидат играни и само со двајца корисници.

До игрите може да се дојде за време на видео повик и притискање на „group mode“ копчето, како и „Play“. Ова треба да ја отвори листата на игри кои се достапни без потреба од нивно инсталирање.

Бројката на игри засега е мала, но од Meta најавуваат нејзино зголемување. Достапни се игри како Card Wars, Exploding Kittens, Mini Golf FRVR, Words With Friends и слични.

Игрите во видео повиците на Messenger се достапни преку мобилните апликации, како и преку веб.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Meta
Претходна статијаiOS 17 ќе донесе поголеми промени кај „контролниот центар“ на iPhone
Следна статијаНовиот Outlook кој се тестира на Windows доби поддршка за Gmail сметки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.