watchOS 11 не донесе големи новини како претходната верзија, но сепак имаше за што да се пишува. Една од новините со оваа верзија од системот за паметните часовници од Apple е апликацијата Vitals. 

Оваа апликација е наменета да ги собере и сумира неколкуте мерења кои ги прави додека корисникот спие. Тие ги вклучуваат мерките за пулсот, дишењето, температурата на зглобот, кислородот во крвта и самото спиење. 

Секое отстапување од просекот може да се види преку апликацијата и со тоа да се заклучи дека нешто се случува, па корисникот ќе може дополнително да се провери. 

Дел од корисниците објавуваат дека оваа апликација им прикажува отстапувања на мерките неколку дена пред тие да се разболат, односно пред да почнат да прикажуваат симптоми. 

Од Apple уште на почетокот истакнаа дека апликацијата не може да се користи за дијагностицирање на здравствени проблеми, па доколку на корисниците им се погоди како корисна во вакви ситуации, тоа сепак треба да се земе како неофицијална мерка. 

Доказ за ова е што не сите корисници имале вакво искуство, односно некои корисници немале отстапување од стандардните мерки пред да се разболат. 

Може да се заклучи дека Vitals не може со сигурност да се користи за „предвидување“ на здравствени проблеми, но истата дефинитивно може во доста ситуации да му укаже на корисникот дека нешто не е во ред. 

Vitals апликацијата е достапна со watchOS 11 за Series 8 или поновите модели, како и за Watch Ultra часовниците. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЕдна година Magenta Moments: Најдобрата дигитална програма за подароци, поволности и попусти за корисниците
Следна статијаЗапочнува светското првентство во Хип Хоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.