firechat-f

Повеќето популарни апликации за испраќање на пораки како основа за нивната работа ја користат интернет конекцијата. Со зголемувањето на месечниот лимит, како и намалувањето на цените за мобилниот интернет, овие апликации ја преземаа улогата за комуницирање преку пораки од познатите и стари SMS пораки.

Меѓутоа, FireChat, апликацијата која што ви ја претставуваме денес работи без потреба од интернет конекција. Се разбира овој начин на функционирање си има свои предности, меѓутоа и слабости, па останува на корисникот да одлучи дали ќе најде корист од неа, а таа сепак не е наменета да ги замени, Viber или WhatsApp и сличните вакви апликации. FireChat функционира преку креирање на таканаречено Mesh вмрежување на уредите преку Wi-Fi, peer-to-peer Wi-Fi и Bluetooth. Овој начин на вмрежување и комуницирање помеѓу уредите бара тие да бидат во непосредна близина, па и апликацијата е наменета за комуникација со луѓето кои што се во вашата близина, што можеби ја прави повеќе апликација за запознавање на луѓе, отколку за комуницирање со вашите пријатели.

firechat-2

FireChat е достапна за корисниците на уредите кои работат на iOS и Android оперативните системи. На iOS ја искористува новата функција воведена во овој оперативен систем наречена Multipeer Connectivity Framework, додека на Android истата ја овозможува преку креирање на сопствена верзија од овој тип на мрежи.

Апликациите можете да ги симнете од соодветните продавници или преку следните линкови. Би сакале да ни кажете дали сметате дека би имале корист од ваква апликација и дали ќе ја симнете за да ја пробате?

firechat-android-qr

firechat-ios-qr

Претходна статијаКорисниците не ги користат апликациите од Samsung
Следна статијаFacebook ја претстави Newswire, страна наменета за новинарите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.