Фото: Shutterstock.com

Испраќањето на пораките преку Instagram веќе не мора да се прави веднаш. Мрежата воведе можност за закажување на пораките, па корисниците можат да изберат кога би сакале истите да бидат испратени во иднина. 

Новата можност е достапна само за текстуалните пораки, односно не може да се закажува испраќањето на слики, видеа, GIF слики и слично. 

Моментално, закажувањето може да се направи за до еден месец во иднина, а веќе закажаните пораки може да бидат испратени веднаш или да бидат избришани. 

За испраќање на порака во иднина, се што треба да се направи е да се задржи притиснато копчето за испраќање на пораката, по што ќе биде прикажан нов интерфејс за избор на датата и точното време. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНајавено можно спојување на Honda и Nissan
Следна статијаОсновачот на iRobot се враќа со нова „стартап“ компанија за домашни роботи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.