486944556_960

Instagram денеска претстави нова и посебна апликација за корисниците на iOS, наречена Hyperlapse, која што е наменета за една едноставна функција. Тоа е снимање на видеа и нивна стабилизација, како и креирање на time lapse видеа од снимката. Time lapse видеа, доколку не можете да се сетите, се оние забрзани снимки направени со мобилна камера која што се носи на главата, на пример, со што се покажува патот извозен со велосипед во видео кое што трае многу пократко од оригиналното. Се разбира ова е само пример за такво видео, а сигурно имате видено многу повеќе.

Најголемиот проблем кај снимањето на time lapse видеа е потребата од снимката да биде снимана стабилно, нешто што многу ретко е случајот, барем кај аматерските видеа. Instagram во Hyperlapse употребува посебен алгоритам кој што успева да ја стабилизира снимката и да ги отстрани брзите движења на камерата, без притоа да се изгуби текот на снимката и правецот на снимање на видеото. Резултатот од снимените видеа е одличен, а тие може да ги чувате на вашиот телефон или да ги споделите на Facebook или Instagram. Сепак за користење на апликацијата не мора да се најавите, односно тоа е потребно само за споделување на видеата.

Hyperlapse е многу едноставна апликација, односно вклучува само можност за снимање на видео и избор на брзината во која што потоа сакате да биде зачувано. Можете да изберете од 1x до 12x. Доколку го зачувате видеото во оригиналната брзина, ќе добиете само негова стабилизација, но доколку изберете една од поголемите брзини ќе добиете интересно time lapse видео.

Апликацијата на почетокот ќе биде достапна само за корисниците на iOS, односно на iPhone и iPad. Во план е изработка и на Android апликација, меѓутоа за жал нејзината изработка на е најавена наскоро и за неа се потребни одредени измени. Hyperlapse за iOS можете да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк.

hyperlapse-ios-qr

Извор: Instagram, Wired, The Verge

Претходна статијаAmazon го купува Twitch за скоро една милијарда долари
Следна статијаSeagate го претстави првиот хард диск со капацитет од 8 терабајти
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.