Фото: Leopeva64-2/Reddit

Во најновата тест верзија од Chrome, поточно најновата Canary верзија, Google тестира нова мала, но интересна можност. Боите на прелистувачот, кои веќе може да се менуваат, ќе може автоматски да се менуваат зависно од боите кои доминираат на позадината поставена на почетната страна од Chrome.

Оваа новина не треба да се очекува наскоро да биде пуштена за сите корисници со оглед на тоа што е дел од Canary верзијата, а исто така таа не е вклучена, па корисниците треба сами да ја вклучат.

Доколку ги користите Canary верзиите од Chrome, новата функција може да се вклучи преку chrome://flags/#customize-chrome-color-extraction.

Споредбата со Material You на Android доаѓа поради сличната функција која Google ја воведе со Android 12, а ја прошири со Android 13. Корисниците можат да изберат системот да ги добие боите од избраната позадина, а тоа може да се намести да биде случајот и со иконите на главниот екран.

Ова е одлична можност за корисниците кои не им се допаѓаат стандардите бои на прелистувачите кои знаат да здодеат, а достапниот избор не секогаш ја погодува саканата „точка“.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Reddit
Претходна статијаNetflix ќе започне со стриминг во живо, Крис Рок ќе ја има честа да биде првиот со неговиот „comedy special“
Следна статијаРСБСП: Подгответе се за безбедно возење во зимски услови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments