Фото: Shutterstock.com

Една од најголемите маани на прелистувачот број 1 во светот, останува потрошувачката на ресурсите на компјутерот, а со тоа и батеријата кај корисниците на лаптопи. Не е дека изминатите години Google нема ништо направено на овој план, но сепак алтернативните прелистувачи подобро се покажуваат.

Една од функциите на Google Chrome кои придонесуваат до намалување на користењето на ресурсите е ограничување на пристапот до ресурсите на табовите кои во моментот не се користат.

Ова е функцијата која добива промена која треба да придонесе до уште поголема заштеда на ресурсите. Наместо досегашните 5 минути после кои табовите кои не се користат се ограничуваат, Chrome ќе ги ограничува после 10 секунди.

Ова значи дека табовите кои се во позадина, скоро веднаш ќе бидат ограничени и нема да имаат целосен пристап до ресурсите додека не бидат отворени во преден план.

Овие табови сепак ќе имаат пристап до ресурсите, односно доколку имате таб со имејл во позадина, тој сепак ќе може да добива нови пораки, само тоа ќе го прави нешто поретко за да заштеди.

Ваква функција Microsoft веќе има вградено во Edge, а на овој прелистувач корисниците може и да бираат за колку време табовите да бидат ставени да „спијат“.

Google Chrome ќе ја добие новата функција во месеците што следат, односно моментално е дел од dev верзијата на прелистувачот, верзијата 105.

Иако оваа функција ќе придонесе до помало трошење на батеријата од страна на Chrome, тоа сепак е до одреден процент, па не треба да се очекуваат часови повеќе на сурфање во споредба со моменталните верзии.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаЕлон Маск се откажува од купувањето на Twitter
Следна статијаКолку пари ќе му донесе „Пари“ на Стефан Лазаров
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.