google-apps-search

Google денеска претстави нова можност на својата Search апликација на Android уредите. Новата можност е наменета за подобра интеграција на апликацијата за пребарување со апликации од трети страни. До сега кога пребарувавте преку Google Search добивавте резултати достапни на интернет. Со воведувањето на новата можност, пребарувањето се проширува и на вашите инсталирани апликации или апликации достапни во Play Store. Што ова значи во пракса, односно како обичниот корисник ќе ги види предностите, како што велат од Google „Ќе ви го заштедиме времето искористено пребарувајќи во десетици апликации што ги користите секој ден и ќе ве однесеме точно таму каде што треба да одите во тие апликации со едно пребарување. Google Search може да ви го направи животот малку полесен, донесувајќи ви ги одговорите што ви требаат – без разлика дали тие се наоѓаат на веб или скриени во апликација“.

App Indexing

Новата можност донесува две функции, кои ќе ви користат во две различни ситуации. Доколку пребарувате нешто на интернет за кое што имате инсталирано апликација, Google Search, покрај на веб, ќе ја пребара и содржината на вашите апликации, па апликацијата во која што е содржано вашето барање, ќе ја вклучи заедно со резултатите од веб. Доколку решите пребараниот резултат да го отворите во инсталираната апликација, кликнувањето не само што ќе ја отвори таа апликација, туку ќе ве однесе на локацијата каде што се наоѓа тоа што го имате пребарувано. Како што можете да видите на примерот погоре, доколку сакате да пребарате информации за одреден филм, а ја имате инсталирано IMDb апликацијата, во прикажаните резултатите, ќе бидат прикажани и резултатите од апликацијата. До резултатот од апликацијата ќе има копче „Open in app“, односно Отворете во апликација, па со негово притискање информациите за филмот ќе ги видите директно во IMDb. Оваа функција можете да ја користите и преку некој од прелистувачите на Android, па не мора секогаш да ја користите Search апликацијата. Сега за сега, можноста за пребарување во апликациите е достапна само на ограничен број на апликации, а тие се: AllTrails, Allthecooks, Beautylish, Etsy, Expedia, Flixster, Healthtap, IMDb, Moviefone, Newegg, OpenTable, Trulia и Wikipedia.

Другата ситуација во која може да ја искористите Search апликацијата е да пребарувате одредени апликации преку неа, наместо преку Play Store. Со резултатите добиени ќе има и копче преку кое што ќе бидете однесени директно кај апликацијата во Play Store, па ќе може да ја симнете или купите доколку не е бесплатна.

Оваа можност на Search апликацијата е достапна како надградба на истата преку Play Store, меѓутоа во почеток е достапна само во САД, но сепак е најавено дека наскоро се ќе биде пуштена и на светско ниво.

Претходна статијаНова ера на паметни домови предводена од LG и Samsung
Следна статијаGoogle развива алатка со која Chrome апликациите ќе може да се користат на мобилни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.