Дали поради раст на популарноста на iPhone и iPad изминатите години, дали поради друга причина, но Google конечно пушти апликација која им овозможува на корисниците лесно префрлување на Android од некои од уредите на Apple.

Иако корисниците и досега можеа да направат префрлување преку Google Drive, сепак новата апликација овозможува директно префрлување на начин како што тоа го овозможува веќе одамна достапната Move to iOS апликација од Apple.

Switch to Android е едноставна апликација и може да се симне преку App Store, иако уште не е достапна доколку истата директно е побарана од продавницата, па мора да се отвори преку надворешен линк.

Апликацијата овозможува префрлување на сликите, видеата, контактите и настаните во календарот, а со едноставно поврзување со новиот телефон, тие ќе бидат за кратко време дел од него.

Покрај префрлувањето, во апликацијата има и совет да се исклучат iMessage и FaceTime сервисите за да дојде до пропуштање на пораки и повици кои обично одат на нив од другите корисници на iPhone.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung Electronics освои 71 награда на International Forum Design за 2022 година
Следна статијаФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments