Nearby Share е функција која Android смартфоните ја имаат од 2020 година и која овозможува лесно споделување на датотеки помеѓу уредите. Истата може да се спореди со Apple AirDrop и пред претставувањето на истата процесот не беше баш така лесен и едноставен како кај iOS.

Минатата година беше најавено дека Nearby Share ќе дојде и на Windows, овозможувајќи лесно споделување на датотеки и со компјутерите. Првата бета верзија од апликацијата сега им е достапна на корисниците, па можат да ја инсталираат преку овој линк.

Истата е пуштена во САД и во повеќето земји во светот, но поради некоја причина истата не е достапна кај група на земји, во која добро е што не е нашата земја.

Nearby Share for Windows функционира едноставно и како што би очекувале. Споделувањето на датотеки може да се прави во двата правци, а се што треба е апликацијата да е вклучена, како и функцијата на Android телефонот.

Потоа, споделувањето на слики, видеа, документи и слично се прави преку нивно додавање во апликацијата на Windows или преку избор на апликацијата во Share менито. По изборот на уред од листата на достапни уреди, може да се испрати датотеката.

Исто како и на iPhone, оваа функција работи преку Bluetooth за откривање на уредите во близина, затоа тие мора да се до 5 метри оддалеченост, а потоа преносот оди преку Wi-Fi.

Корисниците можат да изберат споделувањето да е достапно за сите, само за контактите или само за уредите на корисникот, односно тие кои се најавени на истата Google сметка.

Кога се споделува со уредите на корисникот, прифаќањето на датотеките оди автоматски.

Апликацијата е достапна за сите корисници на Windows 10 64 битна верзија и понови, но не функционира на ARM верзиите сега за сега.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаTwitter го отвори кодот од алгоритамот кој одлучува што да им биде прикажано на корисниците
Следна статијаiPhone 15 Pro серијата може да дојде со копче за повеќе функции наместо досегашното за исклучување на известувањата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.