Фото: Shutterstock.com

Една од најавите на Елон Маск уште пред да го купи Twitter, беше дека кодот на мрежата треба да биде отворен и достапен на сите. Поточно, се мисли на кодот од алгоритамот кој се користи за препорака и прикажување на објави, па после неколку најави истиот беше пуштен во јавноста, барем поголемиот дел.

Една од главните причини за отворање на кодот се критиките кои самиот Маск ги имаше за истиот, кој сметаше дека Twitter во голем дел прави цензура на објави врз основа на сопствени ставови и нарачки од политичари.

Со отворање на кодот, покрај тоа што повеќе луѓе ќе можат да придонесат и да го подобрат, независни трети страни ќе можат точно да одредат на каков начин мрежата одредува што им се прикажува на корисниците, истакнува Маск.

Од компанијата објавија и статија каде тие го објаснуваат функционирањето на кодот, иако независни страни веќе го „чепкаат“, па ќе бидат интересни нивните коментари. Маск веќе најави дека може да се очекуваат „глупави“ работи, а алгоритамот е доста сложен и не е целосно разбран дури ни од вработените.

Алгоритамот, односно предложувањето на објави во For you делот од листата на новости, функционира на основа на три главни фази. Првата ги собира најдобрите објави од различни извори, по што истите се рангираат со користење на модел на машинско учење во втората фаза. Третата фаза ги филтрира објавите за да се тргнат објави од корисници кои се блокирани од корисникот, објави кои корисникот веќе ги видел и слично.

Кодот од алгоритамот е објавен на GitHub, но како што истакнуваат некои, има време додека ознаката „отворен код“ биде заслужена, а сега кодот е само отворен за проверка.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung Galaxy S24 Ultra ќе дојде со екран со стапка на освежување од 144 херци
Следна статијаGoogle ја пушти бета верзијата од Nearby Share for Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.