chrome_web_store_logo

Не толку одамна Google најави дека нема да дозволува инсталирање на екстензии надвор од нивната продавница, како и подобрување на функцијата за блокирање на малициозни екстензии, но тоа не ги спречи тие што профитираат од создавањето на проблеми да најдат заобиколно решение.

Иако Chrome екстензиите се симнуваат од продавницата за екстензии (chrome web store) и се проверуваат при нивната инсталација, тие потоа се ажурирани од нивните програмери без дополнителна проверка. Оваа „можност“ ја искористија одредена група на луѓе на тој начин што почнаа да купуваат екстензии од други програмери, за потоа да ги ажурираат со код кој што ќе прикажува реклами на корисникот. Кодот прикажува реклами на секоја страна што ќе ја отвори корисникот, а исто така врши пренасочување на сурфањето на некоја од страните со реклами. Ова се разбира дека претставува прекршување на Условите за користење на Google, меѓутоа нивното откривање и отстранување е многу тешко.

Две екстензии веќе се тргнати од продавницата за екстензии за кои што е пријавено дека на корисниците има прикажуваат реклами и ги пренасочува на други веб страни. Се работи за екстензиите  Add to Feedly и Tweet this Page. Како што раскажува претходниот сопственик на Add to Feedly, тој бил контактиран со понуда да ја продаде својата екстензија за добра сума за која што се наведува дека содржела 4 нули. Поради брзото време на изработка на екстензијата, како што кажува програмерот, ја продал, но не знаел зошто некој би сакал да ја купи. После некое време неговата екстензија била ажурирана, меѓутоа наместо нови функции ли подобрување на перформансите, истата добила нов малициозен код.

Претходна статијаiPhone 6 и флексибилен iWatch во Јуни ?
Следна статијаНаредниот Google Nexus таблет ќе има 8 инчен екран ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.