plus-130906

Шпекулациите околу можните нови верзии од познатите производители на паметни уреди, а најмногу за нивните мобилни и таблет компјутери, веќе е нормална и очекувана работа. Сепак производителите, а посебно Apple, не сакаат да даваат било какви информации за производите на кои што работат, па и не останува ништо друго освен да се шпекулира до нивното претставување.

Оваа шпекулација доаѓа од кинескиот аналитичар Sun Changxu дадена за кинески портал, според која Apple ќе ја претстави наредната верзија на iPhone на нивната Wordwide Developers Conference (WWDC) која ќе се одржи од 10-14 Јуни оваа година. Според него iPhone 6 ќе има 4,7 инчен екран со резолуција од 1136 x 640 пиксели, меѓутоа не се исклучува и можноста од Full HD резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Според други информации можно е претставување на втор поголем модел, нешто како актуелната понуда, кој што би бил во категоријата на Phablet со големина од 5,7 до 6 инчи.

13.02.21-Wearable

Друга интересна шпекулација е можноста за претставување на паметен часовник, таканаречениот iWatch, за кој што веќе подолго време се шпекулира. Часовникот би бил направен во соработка со LG, користејќи го нивниот флексибилен екран кој што би бил 1.52 инчи во големина и P-OLED технологија.

Претходна статијаФитнес справи кои генерираат електрична енергија
Следна статијаGoogle Chrome екстензии со малициозен софтвер и реклами
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.