Прво најавена за јануари и 64-та верзија од Chrome, па одложена за 66-та, од оваа недела функцијата е официјално достапна за сите корисници. Со достапноста на финалната верзија на Google Chrome 66 корисниците добиваат блокирање на страните кои автоматски пуштаат видео кое има и звук.

Како што беше истакнато и во најавата за оваа функција, блокирањето веб страни ќе се прави според неколку правила, односно содржината ќе биде дозволена само доколку ги задоволува следните услови:

  • Звукот е исклучен или видеото не доаѓа со звук
  • Корисникот веќе има притиснато на страната во моментално активната сесија на прелистување
  • Доколку страната е додадена на главниот екран на мобилните
  • Доколку корисникот често има пуштано ваква содржина на конкретната страна на десктоп

Во секој друг случај, односно кога страната која е отворена не ги задоволува горенаведените услови, автоматски пуштеното видео со звук ќе биде блокирано, односно истото нема ни да почне. Одлична функција поради која сакам да се префрлам од Firefox на Chrome за моите дневни „сурфачки“ активности.

Исто така, Chrome ќе дозволува autoplay содржина на одредени страни за кои смета дека често гледаме видео содржина и дека истата нема да ни смета. За проценка Chrome користи статистика наречена Media Engagement Index (MEI) и се проценува според следните фактори:

  • Гледањето на видео содржината со звук на конкретната страна треба да е подолго од 7 секунди
  • Звукот треба да е достапен и да не е исклучен
  • Табот со видео содржината да е активен во моментот
  • Големината на видеото да биде поголема од 200 на 140

66-та верзија од Chrome донесува и дополнителни новости кои се однесуваат на програмерите, а целосната листа доколку ви е потребна можете да ја погледнете на следниот линк.

Најновата верзија од Chrome е достапна за Windows, macOS, Linux и Android и iOS, а можете да ја инсталирате преку самиот прелистувач, а доколку сакате да му дадете шанса на прелистувачот, а го немате инсталирано, можете да го симнете преку следниот линк.

ИЗВОР 2VB
Претходна статијаSamsung ги претставува најновите апарати за домаќинство на саемот “EuroCucina 2018”
Следна статијаPEPPER – интерактивниот хуманоиден робот во посета на Стопанска банка АД – Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.