Оваа навистина корисна функција, барем за мене, беше најавена уште минатата година. Истата требаше да стане достапна од јануари оваа година со 64та верзија од Chrome, меѓутоа истото е малку одложено.

Одложувања веќе нема да има, па блокирањето на видеата кои автоматски започнуваат со звук ќе бидат блокирани почнувајќи од 66 верзија од Chrome која моментално е во бета верзија, а финалната верзија ќе стане достапна идниот месец.

Блокирањето на оваа „досадна“ содржина на одредени веб страни ќе се прави според неколку правила, односно содржината ќе биде дозволена само доколку ги задоволува следните услови:

  • Звукот е исклучен или видеото не доаѓа со звук
  • Корисникот веќе има притиснато на страната во моментално активната сесија на прелистување
  • Доколку страната е додадена на главниот екран на мобилните
  • Доколку корисникот често има пуштано ваква содржина на конкретната страна на десктоп

Овој начин на пристапување кон „проблемот“ покажува дека видеата кои никогаш и не сме планирале да ги слушаме и не се од страни кои ги посетуваме за таа цел, веќе нема да може да ни досадуваат. Доколку сепак се работи за страна која често ја посетуваме и знаеме каква содржина има, нема да бидеме доведени во ситуација да ни биде изблокирана истата.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаНе сакаш да избришеш Фејсбук? Тогаш барем користи го мудро
Следна статијаInstant Apps сега е Google Play Instant – овозможува пробување и на игри без нивно инсталирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.