Фото: Mozilla

Со најновата верзија од Firefox, поточно Firefox 135, прелистувачот започнува со официјално пуштање на пристап до неколку „четботови“ кои функционираат на основа на генеративната вештачка интелигенција. 

Оваа можност е достапна кај Firefox веќе одреден период, но во делот за експериментални функции и не им беше достапна на сите корисници. 

Со новата верзија оваа функција започнува да им станува достапна на сите корисници, но процесот е нагласено дека ќе трае постепено, односно нема баш на сите веднаш да им биде пуштена. 

За разлика од дел од конкурентите, Firefox не развива сопствен голем јазичен модел, односно „четбот“, па корисниците добиваат пристап до неколку познати на пазарот модели. Истите можат да се вклучат и да се пристапи до нив од посебна лента, а како што би се очекувало, со нив може да се сумираат веб страните, да се генерира текст, код и слично. 

Во оваа фаза достапни се Anthropic Claude, ChatGPT, Google Gemini, HuggingChat од Hugging Face и Le Chat Mistral јазичните модели, а дали ќе има повеќе во иднина и не е толку важно со оглед дека ова е и доволно. 

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаApple ја претстави Apple Invites апликацијата за организација на настани помеѓу пријателите
Следна статијаOpera претстави нов прелистувач кој треба да направи да се чувствувате подобро
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.