Ова е функција која веќе им е позната на корисниците, а Google Chrome ја има скоро една година. Mozilla планира да ја воведе во Firefox од март оваа година, односно со пуштањето на 66-та верзија од прелистувачот на десктоп и Android.

Во основа, Firefox ќе почне да ги блокира елементите од страните кои автоматски започнуваат да прикажуваат видео со звук или само аудио, без притоа корисникот да имал интеракција со таа страна.

Ова е навистина корисна функција затоа што вакви страни не се малку, а во денешно време сите ние сурфаме на начин кој подразбира вклучување на повеќе табови. Кога еден од нив ќе почне да пушта звуци, сигурно не прекинува од тоа што сме го правеле.

Се разбира тука се и страните на кои има реклами кои автоматски пуштаат звук, што можеби е и уште полошо од тоа кога барем видеото кое автоматски почнува е поврзано со статијата која ја имате отворено.

Почнувајќи од Firefox 66, прелистувачот ќе ги блокира овие делови од страните, а за почнување на видеото или аудио делот, корисницте ќе треба конкретно да притиснат.

Видеата кои автоматски започнуваат, но немаат автоматски пуштено и звук, нема да бидат блокирани, како и страните за кои корисниците имаат одобрено користење на микрофонот и камерата.

Доколку како корисник сакате некоја страна да може да пушта автоматски видео со звук, а е блокирана од Firefox, истото може рачно да го промените, преку info делот во лентата за адреси.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSamsung ќе претстави нов Galaxy Watch со претставувањето на S10-ките
Следна статијаВип го одбележува Меѓународниот ден за безбеден интернет за сите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.