facebook_messenger-f

Како што беше и најавено минатата недела на MWC 2014 настанот од страна на Joe Belfiore, Facebook Messenger за Windows Phone 8 е достапна за корисниците на уреди со овој оперативен систем. Оваа апликација веќе подолго време е достапна на другите платформи, а беше и една од најмногу бараните апликации на Windows Phone.

Апликацијата доаѓа со сите функции и можности достапни за корисниците на Android и iOS. Кога првпат ќе ја стартувате треба да ги внесете вашите корисничко име и лозинка, односно не ги користи информациите за најавување на веќе инсталираната Facebook апликација. По најавувањето ќе ви биде дадена можност да го внесете и вашиот мобилен телефонски број за да можете да комуницирате и со корисници кои што ги немате на Facebook. Потоа ќе го видите познатиот кориснички интерфејс, се разбира прилагоден за дизајн стилот на оваа платформа. На него ги имате вашите започнати разговори на Recent лентата, потоа листа на сите контакти со кои што можете да започнете разговор, како и листа на активни контакти, односно контакти кои што во моментот се вклучени на Facebook преку било кој од достапните начини. Како и на другите апликации, до сликата од секој контакт има мала икона која што ви покажува дали контактот е вклучен од Messenger апликација, од Facebook апликација или од веб страната на Facebook.

Главните карактеристики на Facebook Messenger за Windows Phone 8 се следните:

  • Проверете ги сите ваши пораки без да ја отворите Facebook апликацијата
  • Оживејте ги вашите разговори со можноста за испраќање на стикери и слики
  • Правете групни разговори
  • Споделете ја вашата локација за луѓето да знаат кога сте во близина
  • Видете кога луѓето ја имаат видено вашата порака
  • Видете кој ја користи Messenger апликацијата и кој е активен на Facebook
  • Останете најавени за никогаш да не пропуштите порака
  • Исклучете ги нотификациите кога работите, спиете или едноставно ви треба пауза
  • Никогаш нема да ја изгубите вашата историја на разговори или вашите контакти

Facebook Messenger за Windows Phone 8 е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

fb-messenger-wp-qr

Претходна статијаВидео од Cortana и Quiet Hours во Windows Phone 8.1
Следна статијаFacebook сака да донесе интернет во неразвиените земји преку беспилотни летала
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.