Фото: Shutterstock.com

Британската CMA – Competition and Markets Authority, која е доста активна изминатите години, изгледа ќе отвори истрага против Apple, како и за Google, поради заклучокот дека компанијата ја ограничува иновацијата кај мобилните прелистувачи. 

Причината за тоа е позната, а до некаде може да се каже и оправдана и очекувана. Apple кога е во прашање iOS, како и iPadOS, не дозволува користење на алтернативна на нивната веб технологија WebKit. Иако на iPhone се достапни повеќе алтернативни прелистувачи, тие сите ја користат технологијата која ја користи Safari, па може да се каже дека сите се Safari само со различен изглед. 

„Независната анкетна група на Управата за конкуренција и пазари (CMA) спроведе длабинска проценка на пазарите на мобилни прелистувачи и привремено заклучи дека тие не работат добро за бизнисите во ОК и милиони корисници на телефони. Повеќето загрижености што се идентификувани се однесуваат на политиките на Apple кои одредуваат како мобилните прелистувачи, кои се начинот на кој пристапуваме до веб на мобилните телефони, работат на уредите на Apple.“ – истакнуваат од CMA. 

„Групата привремено откри дека правилата на Apple ги ограничуваат другите конкуренти да можат да испорачуваат нови, иновативни функции кои би можеле да им користат на потрошувачите. Други даватели на прелистувачи ја истакнаа загриженоста дека не можеле да понудат целосен опсег на функции на прелистувачот, како што е побрзо вчитување на веб-страниците на iPhone. Многу помали развивачи на апликации во Обединетото Кралство, исто така, ни кажаа дека би сакале да користат прогресивни веб-апликации – алтернативен начин бизнисите да обезбедуваат апликации на мобилните корисници без да преземаат апликации преку продавница за апликации – но оваа технологија не е во состојба целосно да се активира на уредите со iOS . Покрај тоа, групата привремено откри дека договорот за поделба на приходите помеѓу Google и Apple значително ги намалува нивните финансиски стимулации да се натпреваруваат во мобилните прелистувачи на iOS.“ – додаваат од управата. 

Врз основа на овие заклучоци и откритија се очекува дека CMA ќе покрене истрага за Apple, а истата ќе ја спроведе врз основа на новите Digital Markets, Competition and Consumers закони кои ќе стапат на сила идната година. 

Доколку името на овие закони ви е познато, тоа е што слични закони се донесени во ЕУ, врз основа на кои имаше доста „интересни“ одлуки овие година дена. 

CMA ја истражуваше и забраната за апликации за стриминг на игри во App Store, но истата ќе прекине поради фактот што Apple започнаа да ги дозволуваат овој вид на апликации. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаYouTube тестира кратко сумирање на видеата во текстуална форма под нивниот опис
Следна статија„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.