Shutterstock.com

Почнувајќи од 11ти овој месец, апликациите за снимање на телефонските разговори на Android веќе нема да можат да функционираат. Единствен начин корисниците да можат да ја прават оваа активност е ако нивниот телефон ја нуди оваа функција како вградена, односно ако доаѓа со телефонот, но апликациите од трети страни веќе нема да можат да го прават тоа.

Google веќе одреден период оди кон тоа да целосно ја забрани оваа активност, па со последната промена која ќе стапи на сила на 11ти, апликациите веќе и нема да имаат што да користат за да може да функционираат.

Конкретно, по забраната за користење на микрофонот од страна на апликациите за снимање на телефонските разговори, сега Google ќе го забрани користењето на алатката Accessibility API за снимање на разговорите.

По ова, апликациите веќе нема како да ги снимаат разговорите, со што нивната функционалност ќе биде прекината.

Причината за оваа одлука е разбирлива, односно е поврзана со приватноста на корисниците, како и различните законски решенија во земјите.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаМисија: Национална развојна стратегија
Следна статијаСеавус на 19 мај во Ниш ќе одржи експертски панел за Front-end технологии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.