OpenAI, компанијата ко-основана од страна на Елон Маск, при крајот на минатата година ја пушти најновата и јавна верзија од ChatGPT и стана една од најпопуларните работи во светот. ChatGPT претставува софтвер кој со помош на машинско учење успева да ги разбере прашањата на корисниците и на нив да одговори со говор и изразување исто како да се работи за вистински човек. Во основа, ChatGPT може да се нарече дека е еден од најнапредните „чет ботови“ во светот, нешто што на неколку други големи компании не им успеа да го создадат.

Интересно, способноста на ChatGPT да разговара, да постави дополнителни прашања, па дури и да ги воочи сопствените грешки, ја прави оваа технологија загрижувачка за некои. Можноста да се напише програмски код, да реши математички и други проблеми, како и да напише есеи за учениците, исто така ги загрижи некои од образовните институции. Доброто е што изгледа пристапот до ChatGPT нема да биде до овој степен слободен во иднина.

Според информациите, Microsoft, кои се едни од инвеститорите во OpenAI, планираат да ја интегрираат оваа технологија во нивниот Bing пребарувач кој никогаш не успеа да го помине Google. Ова може да им овозможи дополнителна популарност и достигнување на најголемиот конкурент.

Со оглед на тоа што ChatGPT технологијата не е интернет пребарувач, истата би се користела за подобро разбирање на пребарувањата на корисниците, кои би можеле да бидат напишани и на повеќе природен начин, а исто така ќе може да се користи при прикажување на резултатите. Може да се замисли само како резултатите на Bing би почнале да наликуваат на разговор, наместо само листа од веб страни.

Се верува дека од компанијата планираат дополнителни инвестиции во OpenAI, па ќе видиме дали и каде би ја виделе оваа технологија во производите од Microsoft. Не е чудо ваква или слична технологија да биде имплементирана и во Windows, а главниот за развој на системот, Панос Панај, веќе најави такво нешто во рамките на CES 2023 саемот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаWithings ја претставија првата паметна домашна лабораторија за тестирање на урина директно од тоалетот
Следна статијаCES 2023 – Samsung го подига одржливиот начин на живот на повисоко ниво
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.