CES саемот за технологија дефинитивно никогаш не разочарува и е местото каде што ги гледаме некои од најголемите новитети од компаниите. За време на CES 2023, кој се одржува оваа недела, познатата француска компанија Withings, која е најпозната по своите фитнес производи како паметни ваги, претстави мал уред кој треба да овозможи тестирање на урината во домашни услови.

U-Scan е името на новиот уред, кој е направен во мала кружна форма и е замислен да се постави во самиот тоалет, исто како што се поставуваат освежувачите. Се поставува така да корисниците го „погодат“ за време на извршувањето на својата физиолошка потреба, а на долната страна има мал отвор од каде се собира примерок.

Тестирањето се прави преку предизвикување на хемиска реакција и добивање на резултат преку промена на бојата на специјална хартија која е поставена во уредот. Кертриџите потребно е да се заменат на секои три месеци, а тоа е времето и за кое се очекува да издржи батеријата.

Withings веќе имаат започнато соработка со два европски медицински центри со кои U-Scan треба да се користи за откривање на одредени болести, како и канцер на мочниот меур.

За почеток, а и наједноставно да се добие дозвола за домашните корисници, достапни ќе бидат уредите U-Scan Cycle Sync и U-Scan Nutri Balance. Со овие уреди жените ќе можат да го следат својот месечен циклус, додека со вториот уред ќе може да се следи квалитетот на исхраната и хидратацијата.

Информациите од било кој од уредите ќе се синхронизира со мобилна апликација, каде што ќе можат да се добијат потребните информации. Уредите е планирано да се продаваат по цена од околу 500 евра, за почеток во Европа.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаApple е можно да бидат единствените кои ќе користат 3nm чип во нивните уреди оваа година
Следна статијаMicrosoft планира да ја користи ChatGPT технологијата од OpenAI во нивниот Bing пребарувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.