Компанијата Huawei последните години се наметнува како сериозен играч на полето на производството на паметни мобилни телефони. Нивните уреди несомнено покажуваат перформанси кои се во ранг со самиот врв на конкуренцијата. Меѓутоа, она по што Huawei решил особено да се издвои од групата е управувањето со автономно возило.

Од компанијата се убедени дека тие го поседуваат првиот мобилен телефон кој знае да вози. Нивниот Mate P10, имено е првиот телефон со чип специјално наменет за AI. Проектот за развој на технологија која ќе може да препознава објекти очигледно оди сосема добро. Иако начинот на управување не може да се нарече возење, сепак е крупен чекор на полето на автономно управување. Неспорно е дека ова е првиот автомобил управуван од мобилен телефон, способен барем да одбегнува препреки на патот.

Па така, од компанијата се убедени дека нивниот софтвер може да направи разлика дури и помеѓу мачка и куче. За цели на тестирање на новиот софтвер „жртвувана“ беше Porsche Panamera. Претставник од компанијата вели дека успеале да го конструираат комплетниот систем за само 5 недели. Па замислете колку потенцијал нуди истиот доколку подлегне вистински развоен процес. Јавноста ќе има прилика да го види моделот на MWC саемот кој ќе се одржи наредната недела во Барселона.

ИЗВОРTrusted Reviews
ИЗВОР 2Huawei Mobile UK
Претходна статијаЛудилото околу „Црниот Пантер“
Следна статијаSpaceX лансира два сателити во ниска орбита за да овозможи нов вид на безжична конекција