Според информација од The New York Times, Google планира да овозможи пристап до нивниот Gemini „четбот“ за помладите корисници, односно тие под 13 години. Оваа возрасна граница обично ја има и кај друштвените мрежи, кои имаат посебни правила за овие корисници. 

Пристапот до Gemini за помладите корисници ќе биде овозможен само со контрола од страна на родителите, односно сметките за најава ќе мора да бидат менаџирани преку Family Link од компанијата. 

Од компанија започнале да ги известуваат корисниците кои користат Family Link, односно родителите, за новата можност, со предупредување дека треба да се внимава со користењето на Gemini.

Функционалноста на Gemini ќе биде ограничена, односно ќе има поголема заштита за децата, но сепак мора да се земе во предвид дека вештачката интелигенција често дава погрешни одговори, а тука се и посериозните проблеми поврзани со истата. 

Децата преку Gemini ќе можат да добиваат помош за нивните домашни задачи, да поставуваат различни прашања, да „измислуваат“ приказни и слично. 

Не е точно познато кога оваа новина би била пуштена, како и тоа дали за сите корисници во светот или прво само во САД и ограничен број на земји.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMicrosoft ја трга можноста за чување лозинки во нивната Authenticator апликација
Следна статијаT-Business конференција во Охрид
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.