Македонски Телеком организираше бизнис конференција во Охрид, на којашто присуствуваа повеќе посетители од компаниите и од институционалните корисници од регионот. Целта на овие конференции, коишто се одржуваат во текот на целата година во различни региони во Македонија, е промоција на дигитализацијата и пренесување на искуствата и најдобрите практики за примена на најновите решенија од Телеком. 

„Наша задача како технолошки лидер и доверлив деловен партнер е да ја поттикнеме примената на дигитални решенија. Преку овие конференции, остваруваме директен контакт со нашите корисници и ги пренесуваме нашите искуства за тие да извлечат максимална придобивка од нашите решенија – да бидат поконкурентни, а нивните корисници да бидат задоволни. Веруваме дека инвестирањето во дигитализацијата всушност претставува инвестирање во иднината на нашата економија и општество.“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

На конференцијата, експерти од Македонски Телеком одржаа свои презентации и отворија дискусија за сајбер безбедност, дигитален маркетинг, како и решенија за паметен град, вклучувајќи управување со енергија, вода и јавно осветлување. Посебно внимание предизвикаа решенијата за телемедицина, коишто веќе се користат со извонредни резултати.

Ова е втора конференција на Телеком од ваков вид годинава, по првата одржана во април, во Прилеп.

Претходна статијаGoogle ќе овозможи пристап до Gemini за корисници под 13 години
Следна статијаШест каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското Првенство во Јереван