Gemini доби уште една верзија, овој пат наменета за роботите која ќе може да функционира локално, односно директно од роботите без потреба од интернет врска за поврзување со поголеми јазични модели и компјутерска моќ.
Оваа верзија од Gemini е наречена Gemini Robotics On-Device и доаѓа кратко по претставувањето на основниот Gemini Robotics модел пред некој месец.
Можноста јазичните модели да функционираат локално од самиот уред е голема предност, како кај мобилните, така и во случајов кај роботите. Тоа им овозможува, посебно на работите, поголема независност и можност за функционира без потреба од поврзување со интернет.
Gemini Robotics On-Device е јазичен модел кој овозможува интерпретирање на визуелен внес, да разбере говор и на крајот на изврши физички задачи. Тој може да функционира во повеќе сценарија, да се прилагоди, а може да биде научен на нови задачи со само 50 до 100 демонстрации.
Развојот на овие јазични модели не потсетува дека роботите ќе бидат нешто што ќе постои и ќе биде доста користено во иднина. Примената на ваквите роботи покрај во индустриската автоматизација, можеме да ја очекуваме и во домовите, како и во здравството.