Фото: Shutterstock.com

Проблемите кои Apple ги има со развојот на големи јазични модели и со интегрирање на сега толку популарните функции со генеративна вештачка интелигенција, изгледа нема знаци дека ќе се средат.

Главниот на групата од стотина луѓе кои работат на развојот на јазичните модели од компанијата, тие кои стојат зад Apple Intelligence, Руоминг Пенг, си замина од компанијата, нешто што зачести изминатиот период, а посебно од ВИ секторите. 

Интересно, Пенг си замина во Meta, компанија која стана позната изминатиот период по понудата на доста висока плата на вработените од повеќе компании. Тие минатата недела претставија нов дел во компанијата, Meta Superintelligence Labs, каде што ќе се приклучи Руоминг Пенг. 

За Apple неодамна можевме да прочитаме дека размислуваат да почнат да ги користат јазичните модели од OpenAI или Anthropic за новата и напредна верзија од Siri. Ваквата одлука би покажала дека „домашните“ јазични модели од компанијата не се доволно развиени и не можат да им конкурираат на другите. 

Како и да е, Apple изминатите година дена покажува нестандарден за нив однос, а тоа се пресликува и во другите делови од компанијата. Ќе видиме што ќе се случува во наредните година дена. 

Покрај од Apple, Meta изминатиот период презеде вработени и од OpenAI и Anthropic.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаSamsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство
Следна статијаКо-основачот на Twitter претстави апликација за пораки која функционира само преку Bluetooth
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.