Samsung оваа недела претстави два нови лаптоп компјутери кои се истакнуваат со нивниот тенок дизајн, а од компанијата истакнуваат дека со овие уреди корисниците нема да треба да ги „жртвуваат“ перформансите, на сметка на нивната лесна преносливост.

Двата уреди доаѓаат со можност за избор од две големини, односно 13 и 15 инчи, а исто така ова се и првите лаптоп компјутери кои доаѓаат со одличен QLED екран. Овие екрани ги развиваат од Samsung и се карактеризираат со одлична светлина и прикажување на боите. Тоа значи дека како ретко со кој друг лаптоп, корисниците ќе можат да работата и во светла околина без да имаат проблем добро ја гледаат содржината на екранот.

Galaxy Book Flex и Galaxy Book Ion доаѓаат со десеттата генерација од процесорите на Intel наменети за овој вид на уреди. Двата уреди имаат избор до 16GB RAM меморија, како и до 1 TB SSD диск.

Кај двата модели, 15 инчната верзија доаѓа со можност за избор на Nvidia графичка картичка, додека кај помалите верзии, оваа картичка не може да се избере.

Иако и двата модели имаат скоро исти карактеристики, тие сепак се разликуваат според нивната намена. Galaxy Flex е 2 во 1 уред чиј екран може да се отвори целосно и да се добие формат на таблет компјутер. Овој модел доаѓа и со поддршка за S Pen и новите гестикулации кои Samsung ги воведе кај ова нивно пенкалце со Note10 серијата.

Од друга страна, Galaxy Ion е одличен ултрабук кој овозможува лесно преносливост со одлични перформанси за корисниците кои сепак не сакаат нивниот лаптоп да може да се претвори во таблет компјутер.

Интересно, двата модели имаат вградено PoweShare, односно на нив може да се постави смартфон или било кој друг уред кој поддржува безжично полнење и да се полни директно од лаптопот без потреба од кабли.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.