Chromebook лаптопите добиваат се повеќе популарност во изминатите години. Тие функционираат на Chrome OS, оперативен систем којшто во главно работи од облакот, а додавањето на поддршката за Android апликации ги направи овие уреди уште повеќе привлечни за корисниците.

Популарноста на Chromebook уредите во главно е кај образовните институции, а Google и директно ќе таргетира како корисници.

Chrome OS е модерен оперативен систем каков што и од Microsoft се обидуваат да го направат Windows. Веќе повеќе пати можеше да се прочита за Lite верзија од Windows која ќе има многу помалку код, а работата ќе биде од страна на серверот, односно ќе биде на облакот.

Chromebook Enterprise се нова категорија на Chromebook уредите со која Google сака полека да влезе кај компаниите како купувачи на овие лаптопи. Како прв партнер со кој во соработка развија два нови уреди, е Dell.

Dell Latitude 5300 2-in-1 и Dell Latitude 5400 се двата нови лаптопи кои Dell ќе им ги понуди на своите деловни корисници, а овој пат наместо на Windows 10 или Linux, тие ќе работат на Chrome OS.

Во разговор со The Verge, од Google истакнуваат дека им е јасно дека тие нема да можат преку ноќ да ги земат корисниците на Microsoft кои уште зависат од начинот на работа и поддршка за постари апликации која ја има Windows. Ова, истакнуваат од компанијата, ќе биде повеќе еден маратон, па ова е само почеток на една долга трка.

Dell и Google погрижија да администраторите ги имаат потребните алатки на Chromebook уредите, како VMWare, алатките од Dell и слично. Тие би требало да можат да ги завршат сите свои работи, а посебно доколку се компанија која повеќе зависи од облакот, отколку од локални и постари апликации.

Дефинитивно овој вид на уреди е иднината на компјутерите, а правецот во којшто се движи и Windows е доказ за истото. Процесирачката моќ се повеќе ќе почне да се префрла на серверите, па хардверот којшто ќе треба да го имаат корисниците, барем поединечните, веќе нема да биде фактор.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаКомпанијата Humm претстави „лепенка“ која ја стимулира работната меморија на мозокот
Следна статијаInstagram тестира нова апликација за разговори со блиските пријатели наречена Threads
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.