Има уште малку до прогласувањето на оскари каде што Македонскиот документарен филм „Медена земја“ (инаку финансиран пред се од Фармохем и Швајцарска амбасада) е номиниран за две награди: најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Неколку зборови за филмот, од политички/идеолошки контекст.

Без разлика дали ќе освои Оскар во било која од двете категории, Медена земја и тимот веќе постигнаа светски успех. Нема тука никаков муабет. Цел свет – и големи уметници – видоа квалитет, уметност и вредност во филмот. Од аспект на тоа дека во малку е прикажано многу (потребата од одржливо користење на ресурси, почитување на природата, скромност, и други вредности кои се блиски до „левицата“) стварно делува некако, макар и случајно, како да е доловено многу.

Сепак, ми се чини дека многу „прогресивни“ сограѓани од левицата видеа во филмот тоа што сакаат да го видат. Од овој аспект, политички да го наречам, иронично, можеби најдобрата поента е „десничарска“ (ама конзервативциве се некако слабо заинтересирани за уметноста).

Едноставно, треба да се почитува традицијата. Бидејќи е Lindy – како што објаснува Н. Талеб, ако нешто постоело и функционирало со децении, како одреден вид на традиција, голема е веројатноста дека ќе функционира и во иднина. Одредени работи кои што „отсекогаш се правеле вака или онака“ се location/context dependent и имаат своја вредност со причина. Во себе го имаат интегрирано знаењето на генерациите пред тебе. Со критички ум, ама разбери дека постојат со причина. Не треба да се зема здраво за готово, во случајот на „Медена земја“, начинот на кој Атиџе (главниот лик) одгледува пчели, во тоа конкретно село/место.

Се што следи во филмот е всушност приказ на последиците од непочитување – поточно, неразбирање – на Атиџе’ ways of bee-keeping.

Иронично, но документарниот филм покажува сосема нешто поинаку од она што сакаат да го види левицата:

  • дека како Атиџе „одржливо“ едвај преживува и она, а камоли повеќе луѓе (мајката на Атиџе пола документарец јадеше попара),
  • дека природата е сурова,
  • дека макар и „алчни“ луѓе (не беа алчни – само таткото имаше повеќе усти за хранење и не беше некој пчелар) во близина е подобро него осаменост,
  • дека фамилијата е најбитна, и можеби најважно
  • дека приватната сопственост и јасни правила што е чиво е клучен механизами за минимизирање конфликти помеѓу луѓето.

Секако, добра уметност остава простор за секого да најде своја убавина и контекст. Без разлика на се, нека им е со среќа.


Претходна статија5 причини зошто треба да се регистрирате на Uslugi.gov.mk
Следна статијаКако до промена? Да ги избереме најдобрите за јавните претпријатија
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.