Еден од факторите кои влијаат врз иднината на крипто светот е и регулативата, односно како Државата се поставува во целата оваа приказна.

Да продискутираме малку на оваа тема (risk of government ban or takeover).

Најпрво, интересно е што воопшто кога веќе се појавија криптовалутите никој не им застанува на патот (иако имаше обиди од Кина и други земји). За многумина концептот на „децентрализирани, дигитални пари кои не можат да се цензурираат“ звучи на дисутописки филм кој се’ уште е научна фантастика за нашата реалност. Имено, станува збор за ИДЕЈА која ја предизвикува можеби една од најважните функции на Државата со која воспоставува сериозна контрола врз економијата – контролата на парите, односно т.н. монетарна политика. Успешноста на криптовалутите е егзистенцијален ризик за монетарната политика, па и за Државата и власта каква што ја знаеме денес.

Некои сметаат пак дека Биткоин не е закана за Државата воопшто бидејќи сепак, доколку има потреба, може да се влезе во траг на тоа кој што прави на блокчеинот. Можеби. Ако Биткоин заземе позиција на еден вид на store of value, дигитално злато, владите би имале никаков проблем со ова. Напротив.

Други пак укажуваат на историјата со конфискација на златото и дека доколку е неопходно Државата може (и е) брутална. Се’ уште немало потреба да биде.

Сите овие ставови држат донекаде вода. Очигледно Државата е непредвидлив играч секаде и нејзините чекори не е лесно да се предвидат, особено ако се загрозуваат некои од нејзините основни (експроприирани) функции.

Сепак, Биткоин е децентрализиран peer-to-peer монетарен систем. Државата нема еден центар кој може да го банира. Особено во пост-Интернет ера на глобализација, од аспект на Државата, Биткоин е нешто како климатски промени – сите големи сили треба истовремено да заземат ист став за да има ефект. Што е скоро невозможно бидејќи сите имаат (или мислат дека имаат?) различни интереси во приказната. И очекувања чии граѓани и фирми ќе имаат најголем ќар од Биткоин. Игрите се многу покомплексни.

Мојот став е близок на луѓето од Weiss – Државата не може да го банира Биткоин. Точка. Но сепак останува прашањето колку може да наштети/помогне (и зошто би). Ова е потешко прашање и зависи од далекугледоста на политичките елити во одредена земја.

Претходна статијаФранција со казна од 50 милиони евра за Google поради непочитување на GDPR
Следна статијаGlobal Game Jam Македонија 2019
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.