Факт е дека за влакно во 2015 избегнавме голем сеопшт хаос. Она што доведе до „Крвавиот четврток“ (упадот во Собранието) и она што следува(ше) овие три години е општа недоверба на секој во секој, радикална поларизација на граѓаните по многу основи (најстрашната, „патриоти“ vs „предавници“) и наектрелизиран говор кој постојано ја држи политиката во „воена состојба“ (напнато, небаре утре е крај на светот). Не е некоја утеха што пола свет – од САД до Германија – е во слична позиција.
Со оглед на леснотијата со која пенетрира политиката во секое поле во земјава, не паметам да било вака тензично. Леснотијата со која можеш да се скараш со пријател за политика – дури и за ситници – е застрашувачка. Атмосферата и тонот на партиите се префрлува на теренот на секојдневието помеѓу граѓаните.
Во ваква атмосфера, мора да се зачува ладна глава. Како за почеток! Но ова не е доволно. Што може да направиме?
Anatol Rapoport-овиот совет како да критикуваш туѓа позиција е одличен за почеток. Во продолжение сумиран преглед:
- Треба да се обидеш да го изнесеш ставот на другата страна толку јасно, фер и прецизно што таа би рекла „еј, фала, баш би сакал да го кажев аргументов на истиот начин“. Со други зборови, РАЗБЕРИ ги аргументите на другата страна па после критикувај. Реткост денеска.
- Истакни ги работите со кои се согласуваш. Ова создава НЗС и пријателско потсетување дека не сте непријатели со другиот – имате и заеднички точки. Dale Carnegie во својот хит How to Win Friends and Influence People објаснува дека убедувањето на другите во твоите ставови е многу полесно ако покажеш риспект кон нивните позиции.
- Ако нешто си научил од другата страна и неговите аргументи, потенцирај го.
- Дури после ова, критикувај. Но критикувај со цел да се стигне до подобро решение, да излезете двајцата победници во дискусијата – а не да „го победиш“.
Во добра дебата, нема губитници!
Потребни ни се што повеќе луѓе кои ги следат овие принципи, знаат да водат чесни и пријателски дебати и што ќе помогнат да се спушти топката. Пред да се испоубиеме, на ФБ, па и во живо.