Данкирк не ми беше ништо посебно. Освен неколку тензични сцени, добрата глума и одличната музика на Ханс Цимер, филмот беше ОК. Ова гледано во споредба со другите филмови на Нолан, кои оставаат белег што не те остава со години. Човекот постави доста високи стандарди, и сега секој нареден филм се очекува да биде „следниот Inception“.

Тоа се нереални очекувања, но хајпот некако се враќа откако излезе првиот трејлер за неговиот најнов филм, Tenet. После неговата Бетмен трилогија, Инсепшн и Интерстелар, ќе си речеш не може да се очекува нешто поамбициозно од Нолан. Но од тоа што можам да го видам, ова ќе биде ФИЛМОТ на 2020 година.

Не се знае многу за приказната, но по се изгледа дека вклучува патување низ времето, на начин кој не сме навикнати да го гледаме. Има некој Нолан твист во приказната, што веројатно ќе биде mind-blowing.

Од трејлерот добивам вајб на Inception, што секогаш е добро. Ликот на Џон Дејвид Вашингтон (син на Дензел Вашингтон) е на некаква мисија. Се спомнува „спречување на трета светска војна“, претпоставувам дека неговата цел е поврзана токму со тоа.

Покрај Вашингтон, главна улога има и новиот Бетмен, Роберт Патинсон. Откако излезе од Twilight затворот, Патинсон се наметна како еден од најинтересните глумци што работат во моментов.

Добра глума, оригинален плот, патување низ времето, Мајкл Кејн. Тоа е рецептот за успешен Кристофер Нолан блокбастер.

Едвај чекам да го гледам.

Претходна статијаНеофицијални слики од наредниот уред од Samsung со екран на превиткување
Следна статијаОбјавени повеќе од 200 милиони телефонски броеви и кориснички идентификации за корисници на Facebook