На 17 јануари истражувачите Кандис Огерс и Микелин Јенсен објавија сериозна студија под наслов „Annual Research Review: Adolescent mental health in the digital age – facts, fears and future directions”. Она што е додадена вредност е што наодите во студијата се базираат на тон податоци од (1) мета-анализи спроведени помеѓу 2014 – 2019, (2) кохорт студии (не знам како е преводот на ова, ама станува збор за истражувања на линкот помеѓу болест и ризични фактори врз група на пациенти). Со други зборови, дечките си ја завршиле домашната задача. Тон податоци.

Потенцијални бенефити vs. потенцијални проблеми

Веднаш тука треба да се истакне дека ефектот на друштвените мрежи и воопшто „дремењето на мобилен“ е поразличен кај различни возрасни групи. Не е исто +30 годишни корисници vs 15 годишници или 5 годишни.

Сепак, генерално, „дремењето“ на мобилен има позитивни страни: зголемена самодоверба, подобрена аргументација и информираност, чувство на друштвена поддршка и општествен „бренд“, експериментирање со идеи под псведоним, итн. Потенцијални проблеми? Изолација од „реален свет“, депресија, сајберсилеџиство.

Што покажуваат студиите?

Најпрво, во САД се забележува нагло зголемување на депресија и стапката на самоубиства е зголемена помеѓу сите возрасти. Иако САД се одвојува од останатите развиени земји по овие негативни индикатори, факт е дека се забележува зголемен број на пријавени емотивни проблеми помеѓу младите во голем број земји, од Грција, Германија, Шведска, па се до Нов Зеланд, Кина, и голем дел од останатите земји.

Овие трендови се забележуваат во период кога нагло и за кус период се зголеми употребата на мобилните телефони од страна на млади луѓе. Сепак, корелација не значи каузација. Како што забележуваат истражувачите, достапните студии

покажуваат дека врската помеѓу времето поминато „онлајн“ и интернализацијата на симптомите е често (а) микс помеѓу позитивна, негативна и неутрална и (б) кога постои, е премала да се смета за практично или клинички значаен ефект.

Дополнително, голем дел од оние кои имаат некакви симптоми на депресија и сл. психички предизвици, трошат голем дел од времето на интернет во читање на текстови за нивната состојба со цел да разберат подобро што им се случува и како да си помогнат.

… неодамнешна системска анализа на 28 студии на однесувања на онлајн само-помош индицира дека многу млади луѓе кои се соочуваат со ментални психички проблеми го поминуваат своето време на интернет пребарувајќи начини како да се справат и подобро да ги разбират нивните симптоми (Pretorius, Chambers, & Coyle, 2019)

Сумирано, дигитализацијата има и позитивни и негативни ефекти врз психичкото здравје на младите. Студиите не покажуваат значителна врска помеѓу депресијата и користењето на мобилни телефони и интернет.

Претходна статијаOff-Facebook Activity алатката достапна за сите корисници на Facebook
Следна статијаAvast одговори на пишувањата за продажбата на информациите кои ги собираат за нивните корисници
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.