За што станува збор?

Читателите на Смартпортал сигурно се свесни дека веќе подолго време во западните земји (претежно САД и Канада) се води еден вид на политичко-идеолошка борба за цензурата и слободата на говор на друштвените мрежи (политички коректно кажано, за нивните „правила на користење“).

Дали е во ред Facebook, Twitter и другите платформи и друштвени мрежи да одредуваат што смее, а што не смее да се пишува и говори? По што се разликуваат друштвените платформи и Интернетот од традиционалните медиуми кои се gatekeepers на што смее, а што не смее да оди во етер (и сите, особено во нашите балкански и источно-европски земји знаеме како завршува оваа приказна)? Каде е границата на слобода на говор и дали можат обични вработени во „оделенијата за поддршка на корисници“ воопшто и одблиски да ја определат? Особено во САД каде што согласно нивниот Устав и судска пракса „говорот на омраза“ не е забранет! Дали одреден дел на активисти и граѓани – преку отпор врз друштвените мрежи – може да создава „право“ кое не е дел од Уставот и законите?!

Без разлика дали станува збор за приватни фирми кои дефинитивно имаат право да ги определуваат правилата на користење на нивните платформи, постојат одредени општествени норми кои сите се обидуваме да ги почитуваме дури и кога не сме обврзани со закон.

Не се ова баш нови општествено-политички прашања, но денешната ситуација има свои особености и нов контекст (но за ова во вториот дел од текстот).

Да се вратиме на темата.

Последниот случај на цензура е поврзан со платформата Patreon на кој ми укажа добар пријател. Имено, пред некој период извесен корисник Sargon of Akkad (Карл Бенџамин) е баниран од платформата, поради наводен „говор на омраза“. Одредени левичарски невладини организации почнуваат да го пријавуваат Sargon поради „ширење говор на омраза“. Интересно е што притисокот се прави всушност врз MasterCard кои, наводно, немаат врска со Patreon. MasterCard се оние кои „бараат“ Patreon да го банира Sargon. Работата е крајно контроверзна и веќе прераснува во сериозен скандал кој многу веројатно сериозно ќе наштети на репутацијата и бизнисот на Patreon.

Ништо ново во последно време, но работите доаѓаат до breaking point. (продолжува во вториот дел).

Претходна статијаДенеска започнува CES 2019, а веќе можевме да ги видиме едни од најдобрите работи кои ќе бидат изложени на настанот
Следна статијаПрвиот смартфон со екран на превиткување официјално претставен на CES 2019
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments