Во претходниот дел зборувавме за ново истражување за менталното здравје и дигитализацијата. Зборувавме за потенцијалните бенефити и проблеми со „дремењето премногу на мобилен“ и што покажуваат достапните студии.

Она што е важно да се истакне е дека во сите студии, проблем им е што премногу се ослонуваат на индикаторот “screen time” – колку време трошиш на мобилен. Но, начинот на кој го трошиш ова време е и те како важно. Од гејмање, забава, па се до едукација, комуникација, работа, има различни начини и активности кои се прават на мобилен. Особено од помладите генерации. Недостасуваат квалитативни студии.

Но, и тие студии кои се достапни засега покажуваат дека овие обвинувања на технологијата за психичките проблеми на младите не држат вода.

Анализа на постоечките истражувања покажува неконзистентна и минимална врска помеѓу времето поминато со дигитална технологија и менталното здравје, и без начин како да се издвои каузацијата од ефектот.

Продолжуваме понатака.

Некои добро забележуваат дека секоја генерација лесно си наоѓа дежурен виновник за изборите, користењето на времето и генерално карктерот на секоја наредна морална криза и веќе видено е обвинувањето на технологијата секогаш кога имаме иновација на нови технологии.

Uhls, 2016

Што понатака?

Она што укажуваат истражувачите од анализата е дека сепак постои веројатност да „инстинките на родителите/психолозите кои сметаат дека постои врска помеѓу користењето на друштвените мрежи и депресијата и анксиозноста се точни и дека истражувачите едноставно се’ уште немаат развиено соодветни методи за анализа на новите технологии и нивниот целосен импакт“.

Имајќи ја предвид важноста на проблемот – сепак станува збор за здравјето на децата – истражувачите сепак даваат неколку генерални предлози на кои треба да се фокусираме во иднина:

1 – Ризиците на друштвените мрежи често ги рефлектираат слабостите на младите во реалноста. Потребно е подобро да ја разбереме оваа врска за да им помогнеме на младите во двата „света“.

2 – Не е клучно колку време дремеш на мобилен, потребни се квалитативни студии кои ќе ни помогнат да разбереме како младите ги користат дигиталните технологии во секојдневието. За жал, повеќето студии се фокусираат на “screen time” како главен индикатор кој полесно се мери.

3- Нафурани сме премногу да гледаме песимистички во се. Дигиталните технологии креираат нови можности за поддршка на сите, особено младите. Треба да се работи повеќе во оваа насока.

Претходна статијаКоронавирусот може да предизвика проблеми во производството на iPhone уредите
Следна статијаКако менталитетот влијае на твојот живот
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.