Фото од andreas160578 преку Pixabay

Документарец кој вреди да го гледате

МекМилиони е вистинска приказна за измамата која што се случувала во 90-тите години како дел од мега-популарната игра на Мекдоналдс, Монопол. Во играта, добитниците можат да земат и милионски суми. Но, кога агентот Рик Дент од ФБИ ќе добие дојава дека играта е наместена, работите се замрсуваат. ФБИ открива дека тројца од добитниците се на некој начин роднини. Тоа ги тера да одат подлабоко со истрагата и да ги вклучат и Мекдоналдс во напорите да ја решат оваа загатка.

Првата епизода (ќе има вкупно шест) завршува со супер тизер. Наративот е воден баш од специјалните агенти што биле дел од тимот што работел на овој случај. Еден од агентите (Даг Метјус) е автентичен лик што или го обожаваш или ти е одвратен. Без разлика, додава хумор на раскажувањето, а режисерите користат и архивски снимки од „времето“. Многу интересен документарец, топло препорачувам.

https://www.youtube.com/watch?v=kK2ZGOsbeqo

Лекција по упорност?

Не треба да давам вовед за Супербол, настан што е следен од милиони секоја година во февруари. Настан на кој една реклама чини милиони долари (само картата за влез на стадионот чинеше неколку илјади долари), и настан на кој полувремето секоја година станува се повеќе бомбастично. Како тргнале, ми се чини дека за некоја година ќе мора да прават оргии на полувреме за да го задржат вниманието на публиката.

Нејсе, не гледам американски фудбал, но наидов на клипче во кое се слуша како зборат едни со други играчите од двата тима во текот на овој натпревар. Дури и кога губат со десет разлика (што е солидна предност за еден тим на Супербол), играчите на Канзас Сити се мотивираат едни со други и не престануваат да веруваат во победа. Веројатно постојат повеќе лекции што можат да се извлечат од видеово. Во секој случај, добра мотивација за денот, или неделата. Или годината.

Најновата книга на Марк Менсон

Се е заебано: Книга за надеж е предобра книга. Менсон прераснува во фантастичен автор, а неговите книги се како доказ за неговиот раст како човек и писател. Ако сте ја читале неговата прва книга, оваа ќе ви се свиѓа уште повеќе. Можно е да биде една од најдобрите што ќе ги читам годинава.

Претходна статијаНовото лице на иднината: Изрази ја својата уникатност со Galaxy Z Flip
Следна статијаБилети за натпреварот Еурофарм Пелистер-Нексе за секој кој користи сигурносен појас