Аргументот на Мацутако е дека Државата има улога во иновациите и дека без нејзиниот иницијален инпут прашање е дали и кога ќе имавме денеска интернет, GPS, Ајфон, итн. Мацукато ја отвора старата дебата пред се фокусирајќи се на case study на Ајфонот. Нејзиниот познат графикон укажува дека главните технологии – чипови, софтвер, екран, итн. – имаат потекло во иновации финансирани со јавни пари, со што ја промовира тезата „You didn’t build that – taxpayers’ money did it”.

Во одредена мера постои консензус кај економистите дека Државата има улога во финансирање на т.н. basic research во кој приватниот сектор нема секогаш ќар да инвестира поради тоа што бенефитите би биле достапни за сите. Но да тврдиш дека Државата стои позади сите овие иновации или дека заслужува дел од профитот на Епл – каде што реално приказната е многу посложена и многу други имаат клучно влијание, особено во нивното прилагодување во корисен производ за граѓаните – e неиздржано. Целосна е заслугата на приватните компаниии на ефективна комерцијализација – технолошки трансфер на иновациите од лаборатории во пазарни производи. Како што објаснува Мингарди, „улогата на Државата во финансирање на иновациите кои придонеле за развојот на iPhone ниту е суштинска, ниту претприемачка како што ја прикажува Мацукато“. Едноставно,

Ако го земеме Ајфонот или било кој друг паметен телефон, нема да најдеме огромни разлики во екранот, интерната меморија или GPS-от. Повеќето паметни телефони имаат одлични хардверски и софтверски делови. Што го прави Ајфонот Ајфон, производ кој успеа да го наметне Епл на врвот, е дизајнот, неговиот iOS оперативен систем, прецизна технолошка интеграција и внимателен процес на контрола на квалитет. Сите овие фактори се целосно интерни на Епл, без кои ќе имавме паметен телефон кој НЕ Е Ајфон. И токму тоа е она што му носи на Епл конкурентна предност, што е впрочем основата на неговите високи приходи.

Едноставно, и тркалото (најверојатно) го измислиле во Месопотамија, па никој не се повикува на овој факт кога се вози во Ауди за да девалвира вредноста на германската компанија. Никој не тврди дека државата не може да погоди некој изум од огромните ресурси кои присилно ги одзема од продуктивните граѓани. Поентата е кој механизам стои позади константниот развој на одредена иновација и ја прави достапен корисен производ за што поголем број граѓани. И тука нема дилеми.

Претходна статијаПолитиката кон технологијата на САД – константа низ декади
Следна статијаТоп 5 СФ серии за 2019
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.