Во 2007 година беше лансирана првата верзија на Ајфон. Овој момент претставуваше пресвртница на телефонскиот пазар, и предизвика експлозија на смартфони произведени од различни компании.

Во тоа време за прв пат се соочивме со можноста нашите телефонски уреди да ги користиме за различни намени: играње видео игри, слушање музика, гледање филмови, пишување итн.

Пробивот на смартфоните во рацете на милијарди луѓе низ светот донесе со себе и друга можност: масовна употреба на виртуелната реалност.

Виртуелните уреди станаа достапни за комерцијална употреба само пред неколку години. Меѓутоа, истите постојат и се употребуваат во различни индустрии веќе со децении. Виртуелната реалност се применува во воената индустрија (очигледно), во авионската индустрија (симулации на летови), гејминг индустријата (најпопуларната намена во моментов) и во забавната (гледање на концерти), но и спортска индустрија (компанијата на Тони Робинс, NextVR, соработува со НБА за пренесување на натпревари во живо преку уреди за виртуелна реалност).

Потенцијалот за развој на виртуелната индустрија е огромен. Иако веќе некои видео игри можат да се доживеат на овој начин, сепак замислете колку би било кул ако би можеле да ја почуствувате околината во која се наоѓате во видео играта или пак да го почувствувате нејзиниот мирис. Или пак, да гледате концерт или натпревар во живо.

Иако компании како Фејсбук и Снепчет веќе користат виртуелна реалност за определние намени, а компании како Окулус и Самсунг веќе имаат популарни уреди за оваа намена, најпознатиот пример на масовна употреба на виртуелна реалност доживеавме во 2016 година со лансирањето на Покемон ГО. Во тоа време, луѓето наликуваа на оние во Ready Player One (можеби метафората е намерна), неприметувајќи ја околината во која живеат, целосно впуштени во своите виртуелни уреди.

Комбинацијата на нашите паметни телефони и виртуелни уреди се според мене иднината на виртуелната реалност.

Со ваквото партнерство, ќе можеме да ги уредуваме нашите станови и куќи. Ќе можеме не само да комуницираме со своите најблиски кога се оддалечени илјадници километри, туку и да го почуствуваме нивниот допир.

Покрај ова, ќе можеме да правиме работи кои не може ниту да помислиме да ги сториме сега. Да доживееме нови авантури, патувања, да видиме нови места. Да ги искусиме. Виртуелната индустрија само што зема залет.

Претходна статијаВторо издание на средношколскиот „Конект Фестивал“ од 23-ти до 28-ми април
Следна статијаPitch Please 2018 – Како идната работа и пракса во странство стануваат реалност ?