Адева, Female Bootcamp, жени во ИТ индустрија

1. Кои се Адева?

Адева е македонски старт-ап кој што соработува со стартапи и софтверски компании од Европа и САД. Нашите активности и продукти се пласираат на светскиот пазар. Работиме со прилично нов пристап за работење со девелопери, наречен “outstaffing”. Со него ги минимизираме предизвиците со кои што се соочуваат компаниите при вработување технички кадар. Дополнително, за вработените овозможуваме ултра креативна работна околина и поддршка во нивниот развој.

2. Што е Female Bootcamp и каква програма опфаќа?

Првиот Bootcamp за развој на ИТ вештини за жени во Македонија го создадовме со цел да развиеме јавна свест за состојбата. Покрај ова, сакавме да понудиме и сеопфатна техничка и кариерна програма за жени кои што се заинтересирани за пристап во ИТ индустријата. Програмата ќе биде комбинација од онлајн материјали со физичко менторство од локални девелопери. Темите кои што ќе ги опфатиме со програмата ќе бидат во скоро време објавени на нашата веб страна. За самата програма, се консултиравме со претставници на организации како Stackoverflow и UNICEF. Имаме поддршка од девелопери и жени лидери во индустријата на глобално ниво.

3. Што е инспирацијата позади Female Bootcamp?

Причината за реализацијата на овој проект е намалената свест и малиот број на информации за состојбата на родовиот јаз во ИТ компаниите. На глобално ниво, присуството на жените во индустријата опаѓа значително секоја година. Поточно имаме 11% стапка на намалување од 1991 година, па се’ до 2018 година. Моментално, учеството на жените во ИТ индустријата изнесува само 25% од целосната бројка за вработени во секторот.

Исто така, близу 40% од жените кои што се здобиваат со техничка диплома се откажуваат од ИТ индустријата во првите години. Другото сценарио е воопшто да не се одлучат да започнат кариера во ИТ.

Според податоците на ’Invest in Macedonia’, во нашата држава ИТ индустријата е една од највисоко растечките индустрии. Ратата на раст е дури до 45% во последните 5 години. Локално, гледаме огромен интерес за ИТ. Иако родовиот јаз во образовните технички институции се намалува, сеуште имаме голем дел на девојки кои што се откажуваат од ваква кариера. Овој bootcamp ќе придонесе локално да се активираме, да ги пронајдеме одговорите и да имаме придонес во развојот на млади успешни девојки во областа на технологијата.

4. На кои други проекти работеше Адева?

Покрај секојдневните активности и проекти со нашите клиенти, Адева како компанија се залага да обезбеди значителен и корисен придонес кон локалната заедница. Па така, во изминатата година, организиравме два позначајни настани Google I/O и Hacktoberfest Macedonia, ја потпомогнавме локалната организација We Talk IT  и учестувавме во два интересни проекти – SuperCup Skopje и Правен калкулатор. Се потрудивме да организираме и два giveaway настани преку кои доделувавме пакети со стикери до локални девелопери. Покрај ова, на почетокот на оваа година доделивме билет на среќен добитник од Македонија за најдобрата конференција за Ларавел, Ларакон.

5. Што подготвувате следно или кои се идни планови?

Визијата на Адева е изградена врз 3 основни фондации и тоа:

  • Градење на иднината на работата
  • Вложување во заедницата
  • Поддршка во развојот на нови лидери во ИТ индустријата

Соодветно на ова, можете да очекувате интересни проекти поврзани со отворен софтвер, remote work, корисни алатки и уште многу иницијативи за подобрување и создавање подобро ниво на соработка во ИТ заедницата во Македонија.

 

Можете да ги следите Адева на социјалните мрежи:

Фејсбук профил на Адева – https://www.facebook.com/pg/ExploreAdeva
Твитер профил на Адева – https://twitter.com/ExploreAdeva
Инстаграм профил на Адева – https://www.instagram.com/exploreadeva/

Фејсбук профил на Female Boot Camp – https://www.facebook.com/femalebc/
Твитер профил на Female Boot Camp – https://twitter.com/Female_Bootcamp

Претходна статијаSpaceX лансира два сателити во ниска орбита за да овозможи нов вид на безжична конекција
Следна статијаSamsung денес ги претставува Galaxy S9-ките – следете го настанот во живо