Galaxy-Note-5-9-1280x678

Очигледно новите модели од високата класа кои што можеме да ги очекуваме во втората половина од оваа година, ќе доаѓаат со 4GB RAM меморија, што иако не може целосно да се спореди, веќе влегуваат во категоријата на некои лаптопи.

Samsung треба да го претстави новиот телефон од Note серијата, односно Note 5, а тоа се очекува да биде на почетокот од оваа есен. До тогаш како и обично, можеме да прочитаме разни најави за тоа што може да очекуваме од новиот модел, а овие информации станаа интересен и стандарден дел од периодот меѓу моделите.

Најновите информации доаѓаат од порталот SamMobile кои што се познати по следењето на производите од Samsung. Според нив, информацијата ја имаат ексклузивно од релевантни извори од компанијата, па истата може да се смета како точна.

Samsung Galaxy Note 5 ќе доаѓа со 4 GB RAM и ќе биде првиот модел од компанијата кој што ќе работи на новиот Exynos 7422 чип кој што претставува single-chip решение, односно во него се интегрирани 64-битен осум јадрен процесор, рам меморија, графички процесор, простор за складирање и LTE модем.

Развојот на паметните телефони овие години овозможува проширување на нивната употребна вредност. Тие постепено ќе почнат да се користат како повеќе од само преносен уред во џебот, а примери за тоа веќе имаме од Microsoft и Ubuntu, со нивните функции за користење на телефоните како десктоп компјутери при поврзување со поголем екран.

Извор: SamMobile

Претходна статијаMozilla го исклучи Flash додатокот во Firefox поради пријавените пропусти
Следна статијаАлгоритам создава мебел на кој не му требаат шајки ниту штрафови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.