Скопје, 12.04.2019 – Во чекор со новото време, Range Rover Evoque e дизајниран да ја задржи својата доминација со нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментот и асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover.

Создаден е за да се вртат по него, со префинетост и софистицираност што досега не се видени кај луксузен компактен SUV. Со раскошни природни материјали во внатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.

Новиот Evoque, како и сите возила на Land Rover, е создаден да одговори на мотото – Above and Beyond – да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку.

Во официјалниот дел од програмата на присутните гости им се обрати врвниот менаџмент од компанијата за да ги претстави деталите за овој урбан SUV, кој со својот стил го обзеде и нашиот град.

За повеќе информации за новиот Range Rover Evoque посетете го салонoт на „Аутомобили Груп“ или страницата macedonia.landrover.com

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.