Веќе нема потреба да пишуваме за причините за воведувањето на темна тема кај апликациите, како и оперативните системи. Тие се популарни, пријатни за очите во ноќните часови, а ја штедат и батеријата на OLED екраните.

OneNote, познатата апликација за прибелешки од Microsoft ќе се приклучи на другите кои имаат темна тема, дознава италијанскиот портал Aggiornamenti Lumia.

Оваа информација исто така ја потврдуваат од Microsoft, но нагласуваат дека развојот на темната тема е во почетна фаза, а корисниците може да очекуваат и нов начин на навигација низ апликацијата, односно подобрување на нејзината функционалност.

Според информациите, кога корисникот ќе ја избере темната тема на една од платформите, истата ќе биде вклучена автоматски и на другите платформи, како што е сега случајот со Microsoft To-Do апликацијата.

Кога точно може да се очекува оваа нова тема и начин на функционирање на OneNote не е истакнато, меѓутоа кога ќе се земе во предвид дека изработката е во почетна фаза, изгледа дека најрано што може да се очекува е оваа есен.

ИЗВОРThurrot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFirefox beta достапен за Windows 10 ARM компјутерите
Следна статијаGame of Thrones: Прашања на кои чекаме одговор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.