Overclocking на процесорите е нешто што е популарно во главно кај „гејмерите“ уште од првите комерцијални процесори пред повеќе од 20 години. Правите играчи секогаш знаат како да го прилагодат својот процесор да „даде“ нешто повеќе од перформансите кои му се ограничени под неговиот максимум за негова заштита.

Процесот на overclocking иако може се научи читајќи упатства на интернет и ретки се ситуациите кога некој успева да си го расипе процесорот, сепак е до некаде ризичен процес, а посебно ако се претера со одредени покачувања на ресурси.

Чудно што досега на претставија некоја ваква алатка, а посебно што такви се достапни од AMD и Nvidia, Intel конечно се сети да им овозможи на корисниците overclocking кој се прави автоматски и без ризик за процесорот.

Алатката е наречена Intel Performance Maximizer е за жал е достапна само за 6 процесори од деветтата генерација, односно за следните процесори:

  • Core i9-9900KF
  • Core i9-9900K
  • Core i7-9700KF
  • Core i7-9700K
  • Core i5-9600KF
  • Core i5-9600K

За првите два процесори се симнува една датотека за алатката, а за останатите друга датотека, односно Intel ја има прилагодено нешто поразлично алатката за овие процесори.

По инсталацијата на алатката, таа проверува дали процесорот е компатибилен и кои се неговите можности за зголемување на моќта. Потоа, само со еден клик, без потреба од било што дополнително, алатката самата ги прилагодува сите потребни промени и параметри.

Според некои кои ја имаат тестирано алатката и се разбираат во овој процес, сепак кога промените ќе ги направи некој сам, можат да понудат поголемо подобрување на перформансите од алатката, меѓутоа тоа е очекувано, но и се истакнува дека разликата не е голема.

Алатка можете да ја симнете на овој линк, доколку го имате потребниот процесор, а се надеваме дека Intel во иднина ќе ја направи компатибилна со повеќе процесори.

ИЗВОРPCGamer
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаHuawei се искачи на светски познатата рејтинг листа на најценети брендови BrandZ
Следна статијаНЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.