Компанијата која на повеќето од нас ни стана позната во 2020 за време на „корона кризата“ по видео повиците кои ги овозможуваше, сега станува многу повеќе од тоа.
Видео повиците во 2020 почнаа да се нарекуваат „Zoom повици“, па јасно беше дека сервисот од компанијата беше главен во тоа време, доволно за да Microsoft, Google и Slack не пропуштија да се приклучат на трендот.
За да покажат дека Zoom сега е доста повеќе од сервис за видео конференции, компанијата го трга зборот „видео“ од нивното име, па наместо Zoom Video Communications Inc, сега компанијата се вика „Zoom Communications Inc“.
Од компанијата објавија цела статија во која објаснуваат зошто се имаат одлучено за промена на името, а ги истакнуваат и нивните почетоци. Zoom започнува со работа во 2011 година, но како што кажав огромен број на корисници добива по 2020 година.
Наредните години бројот на сервиси се зголемува, а ова година добива и апликации кои треба да им конкурираат на Microsoft Word и Google Docs, меѓу другите.
Покрај ова, целосно очекувано, од компанијата посебен акцент ставаат на интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција, а јасно е веќе дека нема сервис кој на добива една ваква интеграција.
Zoom сега може да се користи од страна на компаниите за сите услуги кои корисниците досега беа научени дека ги добиваат од Microsoft и Google, па добро е што пазарот добива уште еден играч, покрај алтернативниот сервис Zoho, кој можеби не им е на сите познат.