Фото: Samsung / SDC24

Оваа година наредната верзија од One UI, направена на основа на најновата Android верзија нема да биде пуштена како што тоа беше случајот претходните години. Оваа година дури нема ни да ја има новата верзија, а истата може да се очекува на почетокот од идната со претставувањето на Galaxy S25 серијата. 

Добро е што за разлика од порано кога исто така повеќе се чекаше за нова верзија, Android и One UI се доволно напреднати, па новите верзии не донесуваат толку драстични новини за да корисниците се чувствуваат „оштетено“ поради неможноста да ја инсталираат. 

Сепак, One UI 7 е нешто поголема надградба и не поради новините кои доаѓаат со Android 15, туку поради новините кои Samsung ги донесува кај нивниот систем. 

Доста голем редизајн се очекува кај корисничкиот интерфејс, а според некои тие се во голем дел инспирирани од iOS 18. 

Кратко видео на X ги прикажува дел од овие новини, а тие го вклучуваат новиот начин на прикажување на „брзите“ контроли, како што одамна е случајот на iOS. Истите сега наместо над известувањата, ќе се прикажуваат на посебен дел до кој се доаѓа со повлекување на горната десна страна од екранот, исто како на iOS.

Во видеото исто така се гледаат подобрените анимации кои едно време беа слаба страна на One UI, но сега може да се види дека веќе не е тоа случајот.

Дополнително, нов начин на прикажување има и делот кој ги прикажува отворените апликации до кој се доаѓа со повлекување нагоре од долната страна на екранот.

Изворот на информациите како што е најчесто случајот е Ice universe, а видеото можете да го погледнете во продолжение. 

https://twitter.com/Jukanlosreve/status/1860579794011980271.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаZoom 2.0 станува вистинска конкуренција на Microsoft и Google за компаниите, заедно со функциите со вештачка интелигенција
Следна статијаМелодијата на Европа: Звукот на мрежата на Дојче Телеком
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.