Windows_95_at_first_run

Пред точно 20 години, односно на 24-ти август 1995 година, Microsoft ја претстави верзијата од Windows која што може слободно да се каже дека е основа на сите останати верзии од тогаш, па навака.

Windows 95 беше за првпат направен со корисничкиот интерфејс кој што и до ден денес се користи, се разбира во подобрена форма. Windows 3.1 иако имаше графички кориснички интерфејс, не може да се спореди со тој кој што денес се користи, а за првпат беше претставен со 95-ката.

Една од работите која што беше за првпат претставена во Windows 95 е и познатото Старт мени кое што до денес е нешто што корисниците активно го користат. Старт менито дури беше една од главните причини за слабата популарност на Windows 8, поради неговата замена со Старт екранот.

Со Windows 95 за првпат исто така беа претставени toolbars, како и копчињата за намалување, зголемување и гасење на прозорите.

Од претставувањето до денес може да се каже дека Microsoft е веќе различна компанија. Тогаш главниот производ, Windows, беше во својот подем, додека денес од компанијата се обидуваат да ја спасат неговата судбина, посебно на мобилните уреди.

Во продолжение можете да погледнете интересна gif анимација за развојот на Windows од неговата прва верзија, па се до Windows 10.

Претходна статијаHuawei Honor 7i е телефон со вртлива камера со 13 мегапиксели
Следна статијаAsus претстави Deluxe верзија на Zenfone 2 со фантастични 256 GB капацитет!
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.