Американската компанија Vuzix на CES 2021 саемот за технологија ги претстави своите најнови очила со изменета реалност. Овој вид на очила се веруваше дека масовно ќе се користат од страна на обичните корисници, но сепак на крајот тие „завршија“ кај бизнис корисниците. Можноста која ја нудат за бизнисите е многу покорисна за разлика од обичните корисници за кои се веруваше дека наеднаш ќе почнат да шетаат надвор со паметни очила.

Очилата на Vuzix уште немаат име, а се очекува да станат достапни од ова лето. Главната разлика од повеќето вакви производи е во нивниот дизајн кој е направен како стандардните очила, со што нема да се добива впечаток дека корисникот носи паметни очила.

Овие очила имаат уште една карактеристика која ги става во категоријата на напредни производи од кои може да се очекува одличен квалитет. За прикажување на сликата се користи microLED технологијата, која оваа или идната година се очекува дека ќе ја надмине OLED технологијата, барем кај телевизорите.

microLED функционира на истиот начин како OLED, кога е во прашање независното осветлување на секој посебен пиксел, но доаѓа со одредени предности кога се во прашање некои од слабостите кај OLED технологија, како на пример јачината на светлината, боите, како и оставање „ghost“ слика.

Vuzix очилата доаѓаат и со два звучници, како и микрофон со можност за намалување на вревата од околината. Може да се поврзе со мобилен телефон за користење со апликација, а достапна е и поврзаност со Wi-Fi, како и LTE.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНатпреварувајте се со пријателите и пропешачете заедно 78 милијарди чекори на Samsung Health апликацијата
Следна статијаLG Rollable е конкурентот на LG на уредите со екрани кои се превиткуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.